Со чај против рак!
Црвениот кромид благотворно делува на кардиоваскуларниот систем, го регулира количеството на холестеролот и триглицеридите, но влијае и на подобрувањето на имунитетот.
Иако може да предизвика проблем поради непријатниот мирис кој создава, треба да знаете дека црвениот кромид е извонредно здрав и дека посебно лековито делува на срцето, односно на целиот кардиоваскуларен систем. Се покажало дека неговите таканаречени сумпорни споеви можат да ја намалат и количината на холестеролот и триглицеридите и да ги зајакнат клеточните мембрани во црвените крвни зрнца. Поради тие карактеристики кромидот помага во превенцијата од срцевиот удар.
Студиите покажале дека кромидот може да ја подобри и густината на коските, па поради тоа може посебно да им користи на жените кои се во менопауза и кои се соочуваат со губењето на густината на коските.
Исто така е потврдено дека кромидот има против воспалително делување. Студиите покажале дека кромидот го намалува и ризикот од неколку видови на канцер, па дури и ако се консумира и во помали количества. Може да го намали ризикот од појавување на канцер на дебелото црево и јајниците.