ВМРО ДПМНЕ вечерва протестира и во Велес
20.10.2020
Опозициската ВМРО ДППМНЕ вечерва ќе организира протест и во Велес поради, како што стои во нивното соопштение:
„Против криминалот и корупцијата на власта кои се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност, пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ за протестот што вечерва се организира освен во Скопје и во градовите во внатрешноста на државата како Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола.
Од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека СДСМ и Заев морале да заминат на темната страна на историјата, а Македонија морала да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите.
Протестот започнува во 18:30 часот од пред маркет „Кит го“ или поранешен „Туш“ продолжува по главните улици „Благој Ѓорев“, „8 Септември“, „Гоце Делчев“ и „Алексо Демниевски“ и завршува пред зградата на Општина Велес. Станува збор за протест со автомобили за коj партијата ги повикува сите граѓани./У.Ј