Влезе во Гинисовата книга на рекорди: 104-годишен Британец направи тетоважа
Објавено на 11 април, 2016 во 07:27
Британецот Џек Рејнолдс (104) е впишан во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност на светот која направила тетоважа по првпат.
Рејнолдс на својот роденден на 6 април одлучил да направи тетоважа на десното рамо „Џеко 1912/06/04“ (прекарот и датата на раѓање). Неговата 56-годишна ќерка Џејн Гудвин изјавила дека нејзиниот татко најпрво се шегувал дека сака да направи тетоважа пред навистина тоа да го спроведе во дело.
Џек инаку има осум внуци и 21 правнук.
– Моите внуци мислат дека сум луд. Јас, всушност, сите овие години сум луд – се пошегувал Џек кој на тетовирањето дошол во придружба на својот 35-годишен внук.
Извор: Плусинфо.мк