Алармантно: Нивоата на реките и езерата под ноемврискиот просек
Објавено на 23 ноември, 2020 во 19:30
23.11.2020
Под просекот за ноември се нивоата на Охридското и Преспанското езеро, како и на сите реки кај кои денеска се извршени хидролошки мерења.
Како што информира УХМР, драстичен пад и натаму бележат Вардар кај Јегуновце и Велес, Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун. Преполовени се водостоите на Црна Река, Струмица, Крива Река и Лепенец.
Мите Јаначков