Временска прогноза
Објавено на 14 април, 2016 во 07:01
Денеска времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.
Ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен правец, кој во западните делови на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час. УВ=6