Ленин и понатаму изгледа како да спие, но колку тоа чини?
Владимир Илич Ленин е мртов веќе 92 години, но неговото тело и понатаму изгледа како да спие. Колку чини таквото чување на телото, коешто духот одамна го напуштил?
Владата на Русија објави дека оваа година ќе потроши околу 13 милиони рубљи (200.000 долари) секоја година на конзервирање на балсамираното тело на Ленин.
Износот го соопштила Државната агенција за јавни набавки и ќе биде искористен за да изгледа како „живо“ телото на починатиот лидер.
Иако последните години многумина инсистирале на тоа дека Ленин треба да се закопа (истражувањето покажало дека 82 отсто Руси сметаат дека би требало телото конечно да се смести во гроб), Кремљ ја отфрлил таа можност.
Ленин е балсамиран со експериментални техники, коишто бараат постојано одржување, поради што дури е формирана „мавзолејска група“ на научници. На врвот на посветеноста на зачувувањето на остатоците на некогашниот лидер, тимот имал 200 стручњаци кои работеле во лабораторија и изработувале специјални препарати.
Ним им е приоритет да го зачуваат обликот, тежината, бојата и флексибилноста на телото, во однос на биолошкото ткиво, па одредени делови на кожата и мускулите ги замениле со пластика и други материјали.
На секои две години, телото се потопува во купка од глицерол и калиум-ацетат на по 30 дена, а благодарение на таа техника, велат научниците, може да биде сочувано со векови.
Иако ја отстраниле крвта, сите телесни течности и внатрешните органи, мустаќите, веѓите и брадата се оригинални. Наместо кожата, е нанесен материјал од мешавина на парафин, глицерин и каротен.
Интересно е дека поради одржување на посмртните остатоци на првиот водач на СССР настанала и техниката, балгодарение на која подоцна е овозможено движење на крвта низ бубрезите на донорите во текот на трансплантација.
Телото на Ленин е балсамирано на барање на Сталин. Ленин умрел во 53-тата година од животот во 1924 година, а неговото тело било изложено во Москва.
Извор: Плусинфо.мк