Советниците на СДСМ ја напуштија седницата на кавадаречкиот совет
Актуелната политичка состојба во земјава денеска беше причина за тензичен почеток на 43 тата седница на советот на општина Кавадарци. Советниците од СДСМ ја напуштија седницата, а претходно коориднаторот на советничката група Зоран Бањански од говорницата рече дека„правдата во земјава е убиена“ и поради тоа денеска граѓаните ќе излезат на протест и во Кавадарци. Додека говореше Бањански зад него беа и останатите советници на СДСМ, сите облечени во бели мајци на кои пишуваше „Нема правда-нема мир“.
„Во овие црни денови на Македонската демократија и правната држава,Советничката група на СДСМ и колалицијата Сојуз за Иднината смета дека Советот на Општина Кавадарци треба да даде став за општествено политичката ситуација во Македонија. На денешната седница има точкина дневен ред кои ние не би ги прифатиле, зошто се директен резултат од владеењето на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ а сите останати како што се социјалните трансфери и подршка засоцијални случиа за лекување елеметарни непогоди и пожари како и за преставување на натпревари во странство како и секогаш до сега ги подржуваме.“ рече Бањански. И обвини дека од извештаите кои беа на дневен ред може да се види комунална изградба и урбанизација на ниско ниво.
Тој обвини за скап превоз на учениците за што биле потрошени од буџетот 13 милиони денари.
„ Тоа е нафта за секој ден да патува до Даблин-Р. Ирска и назад. Патем Градоначалник претпоставувам дека сигурно ќе ве поздрават на таа тема Катица Јанева и Фатиме Фетаи.Претседателке на Совет и вие најветроватно ке бидете поздравени“ рече коориднаторот на советничката група на СДСМ.
Праша каде се изронила добивката на ЈП Комуналец, која по сите математики требало да биде 700. 000 евра
„По кој пат отвараме нова постапка за Паркирањето. Нели ви текнува дека треба да се формира Јавно Претпријатие. Доста е со конструкции, лаги, клевети и манипулации. Недопустливо е Општинска администрација,државни службеници и вработени во образование да одат на оние срамни контрпротести кои имаат за цел да се угуши демократијата,да се амнестираат политичките криминалции да се сврти вниманието на јавноста од срамот и бедата која ни ја нанесоа Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов. Затоа ние денеска ке протестираме, затоа што правната држава е срушена, затоа што уставниот Суд го уби Уставот, затоа што Ѓорѓе Иванов ги аболицира криминалците и им овозможи со тоа да се најдат на листите на пратеници на избори за кои не исполнети условите од Пржинскиот Договор“ рече Бањански.
По завршувањето на седницата за напуштањето на седницата од страна на опозицијата и најавените протести со коментар за јавноста се огласи и градоначалникот Александар Панов. Тој повика на мирни протести без да се уништува општествениот имот.
„Иако пред извесен период ги пофалив советниците од СДСМ дека за разлика од Скопје се однесуваат далеку подобро и во интерес на граѓаните, сега можам да кажам дека сум погрешил во проценките. Тие го спроведуваат сценариото на СДСМ“ рече градоначалникот Панов. На обвинувањата за превозот на ученици рече дека кавадаречките ученици го имале еден од најевтиниот превоз во градот и општината никому не должела.
На седницата став изнесе и коориднаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев. Искажа жалење што советниците од СДСМ демонстративно ја напуштиле седницата.
„Ние подржувмае протиести, но само мирни протести. Не подржуваме вандализам, сквернавење на соменици. Протестираме и ние но не сквернавиме ништо, ниту пак напаѓаме полицајци. Исполнети се сите услови за предвремените парламентарни избори. СДСМ има мнозинство во ДИК. Но тие знаат дека немаат подршка од народот и затоа бегаат од избори. Досега се девет пати поразени“ рече Јованчев.
Советникот Ташо Радњански реплицирајќи му на градоначалникот Александар Панов рече дека правото на протест е уставно загарантирано право и искажа подршка за најавените протести.
„Посебно ќе го подржам барањето за оставка на Иванов поради неговата одлука за аболиција“ рече независниот советник Ташо Радњански.
Советникот Димитар Зарков побара седницата да се одвива по претходно утврдениот дневен ред, без прозивки за „нашата и вашата партија“.
По скоро еден час сепак советот започна да ги разгледува предвидените точки за 43 тата седница. Без дискусија советот едногласно го усвои кварталниот извештај за извршувањето на општинскиот буџет за првиот квартал, извештајот за работота на ЈП Комуналец за минатата година.Со 12 гласа за 1 против советот донесе одлука јавното паркирање по четврти пат да биде понудено за јавно приватно партнерство. Се направи отстапка од 6 на 10 години стопанисување. Градоначалникот Панов рече дека доколку и сега нема интерес за јавно приватно партнерство ќе се пристапи кон формирање на јавно претпријатие.
Советниците во рамки на денешната седница го усвоија извештајот за работа на Вардарски плански регион. Се усвои одлука за приоритетен проект реконструкција на патоит с. Сопот- с.Рибарци и уште неколку проекти од Секторот за локален економски развој. Пригфатени беа и извештаите за реализираните манифестации, Тиквешки гроздобер, Свети Трифун и дочекот на новата година.
Ангел Данов