Поетски караван на поетесата Десанка Николова од Велес
Стихозбирката „Ова е ваше време“ на поетесата Десанка Николова, со поетски караван ќе се промовира пред велешките ученици. Промоцијата почна од ученичкиот дом „Лазар Лазаровски“, а ќе продолжи во сите основни училишта, училиштето за деца со посебни потреби „Маца Овчарова“, детската градинка „Димче Мирчев„ како и кај децата во детското одделение во општата болница.
Поетесата заедно со промоторката Лили Арсова ќе другаруваат со најмалчите велешанчиња но истовремено и ќе ја донираат книгата во училиштата. Со дел од средствата од продажбата на книгата ќе се набават играчки за децата. Стихозбирката е поделена на шест циклуси а стиховите се посветени на најмалите, да ја поттикнат во нив љубовта кон пишаниот збор. Но истовремено е наменета и за возрасните поттикнувајќи ги да се сетат на убавите денови од детството.
„Овие вие стихови се наменети за најмалите, за дадите и батковиците, за мајките и поетесата многу колоритно и ненаметливо во своите стихови го опеала животот на детството. Самата книга „Ова е ваше време“ е поделена на шест циклуси кој како поточиња се слеваат во едно прекрасно издание. Почнувајки со стихови посветени на најмалите ,најмилите поетесата чекори низ детските патеки со многу љубов, емоции , песни кој се исполнети со рима и лесно прифатливи за сите. Љубовта кон децата е клучот со кој може да се отклучат детските срца да пишуваш за нив и да ги поттикнуваш за љубов кон животот, домот и татковината . Книгата „Ова е ваше време “ го буди и детето кое се крие во секој од нас заедно со убавите спомени од детството кои во себе ги носиме“, рече промотор Лили Арсова.
Инаку Николова е автор е на три стихозбирки за деца и една за возрасни: „Детски свет-шарен цвет“ , „Сонот на ѕвездата“ , „И децата некогаш ќе пораснат“, „Емоционална контрацепција“ и „Ова е ваше време“.
За својата поезија наградена е на неколку Меѓународни поетски фестивали, Јанош Сивери, Магда Симин, Душан Трифуновиќ, Езерски бранувања и други./Д.С