Решена мистеријата со Стоунхенџ: Коски стари 3.000 години го кријат одговорот
Новото истражување на археолозите истакнува дека необичните камени столбови во Велика Британија се користеле како крематориум.
Во 1920 година, археологот Вилијам Хаули открил остатоци од кремирани коски во околината на Стоунхенџ, во неколку дупки кои биле познати како Обри дупки. Тој оценил дека пронашол остатоци од околу 59 луѓе. Меѓутоа, во тоа време коските не се сметале за важно откритие, па биле закопани заедно во една од дупките.
Денес, истражувачите повторно почнале да ги истражуваат остатоците на најмалку 27 возрасни лица и неколку помлади, користејќи радиокарбонски анализи. Било откриено дека тие лица биле погребани во период од 500 години, од 3100. до 2600. година пред новата ера.
Како што тврди Мајк Паркер, професор на универзитетот во Лондон, промената на локацијата укажува на тоа дека дошло до промена во културното значење на Стоунхенџ во тоа време.
Така Стоунхенџ повеќе не бил крематориум, туку место на кое луѓето во тоа време оддавале почит на своите предци.
Многумина се надеваат дека Стоунхенџ станува сè помалку и помалку мистериозен и дека наскоро ќе се дознае многу повеќе за ова легендарно место.
Извор: Плусинфо.мк