Обука за агенти за продажба на рачно изработените производи на Креативките
Девет студенти од катедрата за менаџмент при Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ се обучуваат за агенти за продажба како дел од активностите на проектот „За економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион“. Проектот веќе подолго време го спроведува Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ во партнерство со ИРД Словенија. Обучените студенти на терен ќе ги промовираат рачно изработените предмети на жените учеснички во проектот. Тие ќе поминат дводневна обука на која преку теоретска и практична вежба ќе ги развијат своите вештини во делот на комуникација, промоција и маркетинг.
“Овие студенти ќе добијат улога на ангети за продабжа, тие ќе бидат промотори на рачно изработените производи, со цел нивно директно преставување пред бизнис заедницата (специјализирани продавници, продавници за накит, сувенирници итн.) како и заинтересирани индивидуалци од нивното опкружување, за потенцијална продажба на производите, а воедно и посредување, при воспоставување на нивни заеднички партнерства и контакти“, рече координаторот на проектот Марија Алчева.
Студентите ги обучува професор Љупчо Вчков кој на мошне интересен и суптилен начин им го презентираше начинот на ефективна продажба, преку развој на комуникациските вештини и формирање на маркетинг стратегија. Во еден дел од обуката студентите имаа можност да слушнат исклучителни совети и препораки од професор доктор Стојан Пржовски, експерт по психологија.
Студентите покажаа голем интерес за време на обуката, поставуваа прашања и развија корисни дебати околу нивниот ангажман како агенти за продажба. Тие добија задача да направат индивидуална рекламна порака која ќе ја презентираат на вториот дел од обуката, како и да направат стратегија и да дефинираат таргет група на потенцијални купувачи.
Во рамки на проектот во наредниот период ќе се организира средба со претставници од бизнис секторот и жените креативки вклучени во проектот./Д.С