Нов рекорд: Словенец свирел хармоника 50 часа без престан
Објавено на 21 јуни, 2016 во 11:58
Словенецот Бојан Ковачиќ од Горња Радгона постигнал нов светски рекорд во непрекинато свирење на хармоника бидејќи дури 50 часа без престан свирел на хармоника, а се надева дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди бидјеќи ја испратил неопходната документација во Лондон.
Ковачиќ е асистент на Педагошкиот факултет во Марибор, а својата мисија ја започнал во петок во 18 часот во домот на културата во Горња Радгона, свирејќи повеќе од 960 различни композиции.
Досегашниот светски рекорд во континуирано свирење на хармоника го држел еден фински хармоникаш, а изнесувало 31 час и 25 минути.
Најдобри резултати во таа дисциплина последните години оствариле финските и словенечките свирачи.
Извор: Плусинфо.мк