Нова листа со дефицитарни занимања на Австралиските власти
Австралиските власти издале листа на занимања кои во оваа земја се потребни во следните години. Министерството за имиграција и гранична заштита на Австралија издало нова листа на занимања кои им се потребни за 2016 и 2017 година.
Меѓу занимањата кои се бараат во оваа земја се менаџер на проект, индустриски инжинер, инжинер за агрокултура, биомедицинки инжинер, инжинер за електротехника, инжинер за телекомуникации, книговодител, инжинер по хемија, архитекти, шумари, ветеринари и наставници.
На листата се наоѓаат и занимања како што се психијатар, педијатар, ревматолог, физијатар, хирург, медицински сестри, анестезиолози и гранична заштита.
Сите заинтересирани листата за занимања може да ја погледнат на официјалната страница за Министерството за имиграција и гранична заштита.
Споментатата листа ќе стапи на сила од 1 јули 2016 година и се однесува на оние кои ќе аплицираат за виза. Во таа група спажаат работните визи, односно постојаната виза за престој за стручни работници, привремени визи во траење од 4 години кога работниците би работеле во одредени подрачја по што би можеле да аплицираат за постојана виза и привремена виза за дипломци.
Извор: Radiosarajevo.ba