Телма: Тројца кандидати за заменик на Талески
Објавено на 22 јуни, 2016 во 10:38
Додека тече 30-дневниот куќен притвор на Талески, се уште од општина Битола нема прецизен одговор на прашањето кој ќе седне на неговата фотеља, јави Телма.
Во игра се три имиња- Игор Хаџиевски, внук на првиот лустратор Томе Аџиев, Благој Шаклевски, портпарол на општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ и Златко Милошевски, поранешен градоначалник на Битола.
Извор: ТВ Телма