Од петок нагло заладување!
Објавено на 13 јули, 2016 во 05:02
До четврток ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност.
Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови.
В петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.
ДЕНЕСКА: Сончево и многу топло, попладне во западните делови со локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи