Родена без раце – пишува, црта и јаде користејќи ги стапалата
Софи Грин (7) од Кина е родена без раце, но тоа не ја спречува да работи нешта во кои ужива како своите врсници. Таа сака и да прави работи кои ги прават другите деца на нејзина возраст – цртање, скокање, играње и танцување.
Софи ја посвоиле Кристин и Џереми од Јута во САД. Тие се заљубиле во неа на прв поглед, па и покрај нејзиниот недостиг ја повеле како двемесечно бебе со себе во САД. Ниту Софи, ниту нејзините родители не дозволиле фактот што нема раце да влијание на нејзиниот однос кон животот.
Софи сега може сама да се храни користејќи нож и виљушка, да црта, да пишува и да вози велосипед, а место рацете за сè ги користи нозете, во што е многу вешта. Девојчето оди и на часови по танц.
Другите деца во училиштето одлично ја прифатиле и ѝ помагаат кога е тоа потребно. Сепак, малата Софи претежно сè успева да направи сама.
Извор: Плусинфо.мк