Спасувачите тргнале да спасат жена која вреска, а пронашле коза!
Објавено на 27 јануари, 2016 во 09:49
Полициски хеликоптер се упатил со голема брзина кон познатото место за самоубијци поради дојава дека таму се наоѓа жена која вреска. Во прашање, меѓутоа, била исплашена коза.
Полицајците во Бристол испратиле помала единица на еден од мостовите откако минувачите во паника повикале 999 кога слушнале врескање.
Но, кога пристигнале на местото на настанот, термалната камера го идентификувала „виновникот“ – во прашање било животно од блиската фарма.
Козите неодамна биле пуштени во клисурата за да пасат, но овој потег се покажал како голема грешка – полицискиот хеликоптер употребил во текот на спасувачката мисија 250-300 литри гориво, што по час на летање изнесува 850 фунти.
Извор: Плусинфо.мк