Димовски: Од сега прашањата кон премиерот и министрите ќе претставуваат мобинг
Собраниската расправа на која на дневен ред се пратенички прашања само што започна веднаш прекина по барање на координатор на пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски. Тој процедурално побара пауза повикувајќи ги министрите да го следат примерот на специјалната обвинителка Катица Јанева и да не одговараат на поставените прашања. Упати апел никој да не му поставува прашања, зашто тоа ќе го смета за мобинг. Најави дека демонстративно ќе ја напушти седницата. Според него, Јанева правела циркус во државата.
– Досега беше пракса последниот четврток од месецот да има пратенички прашања. Должност им беше на пратениците да поставуваат прашања од јавен интерес додека јавните функционери да одговараат. Од денеска нормално би се сметало премиерот и министрите да не одговараат колку и да прашуваме и да не обвинуваат за мобинг и демонстративно да ја напуштат седницата. Ова сознание по 25 години, конечно ни го обелодени еден специјален човек со специјална мисија да не научи дека сме биле во заблуда, рече Димовски.
Катица Јанева ја напушти работата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците изјавувајќи дека три дена и се прави мобинг, откако наместо за извештајот, и се упатуваа други прашања и коментари кои преминуваа во лични навреди. Претседателот на комисијата Влатко Ѓорчев, упорно ја чека Јанева да се појави на комисијата , иако во Законот за СЈО, не е пропишано дека специјалниот обвинител е должен Извештајот за работа да го брани на Комисија или на пленарна седница, како и дека мора да одговара на прашања.
Во Член 8 од Законот пропишува:
Специјалниот јавен обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите/нејзините активности, вклучувајќи и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од Јавниот Обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали кои според Јавниот Обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодвети информации за да ги оправда трошоците.
Извор: А1он.мк