Поповска: За општо добро се откажувам од добитното пратеничко место
Човек треба да ги следи своите принципи и да мисли пред сè за општото добро, од овие причини одлучив добитното четврто место на пратеничката листа да го препуштам на некој од кадрите на ДОМ, а јас да се преместам на недобитна позиција, рече денеска на прес конференција Лилјана Поповска од ДОМ.
„Многу пати досега сум се откажала од функции и не сакам да предизвикувам раздор и тоа ќе го сторам и овој пат. ДОМ има одличен кадар и тој што ќе влезе во Собранието, со моја помош ќе ја продолжиме битката за демократизација на општеството. Во политиката е важен личниот пример. Никогаш не сум жалела за моите потези и сега нема да зажалам. Човек треба да ги следи своите принципи и да мисли пред сè за општото добро“, рече Поповска.
Претседателката на ДОМ беше поставена на четврта позиција во втората изборна единица, на листите на СДСМ и здружената опозиција, но поради притисокот во јавноста, таа добитното место го препушти на помладиот кадар на ДОМ.
Поповска на прес конференцијата не дозволи новинарите да и постават прашања.
Извор: Новатв.мк