Во Софија министерски состанок за бегалската криза
Објавено на 2 февруари, 2016 во 08:43
Денешниот состанок во Софија на министрите за надворешни работи на Процесот на соработка во Југоисточна Европа е посветен на решавањето на бегалската криза, јави Радио Слободна Европа.
На состанокот на кој ќе учествуваат шефовите на дипломатиите на Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, Романија, како и косовската министерка за дијалог со Србија Едита Тахири.
Процесот на соработка во Југоисточна Европа е покренат во 1998 година.