Мини парк за лицата со посебни потреби во Велес
Катче за одмор и релаксација добија лицата со попречености во Велес. Лулашка приспособена за оваа категорија на граѓани и летниковец се поставени во Младинскиот парк во близина на објектот на културно уметничкото друштво Ќерамичар. Овој мини парк е дел од проектот за обезбедување на грижа за ранливи групи што Центарој за развој на Вардарски плански регион го спроведуваше изминатата година.
„Ова е прв мини парк од ваков вид во Велес и како општина ние ќе продолжиме со изработка на уште еден додатен дел за лицата со посебни потреби, за да направиме една целосна слика, иако не беше предвидено со проектот општина Велес ќе го направи во најскоро време. Тоа би требало да биде дрвен елемент кој ќе им користи на лицата со посебни потреби. Мислам дека ова е добар начин за покажување на заинтересираност и поставување на рамноправни услови за сите категории на граѓани во нашиот град“, рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.
Од Здружението за лица со церебрална парализа велат дека ова мини паркче ќе ја оправда својата намена и функционалност, но апелираат граѓаните да се воздржат од уништување на урбаната опрема која освена лицата со посебни потреби можат да ја користат и останатите жители на градот.
Инаку вакви мини парковиза лица со посебни потреби добија и општините Кавадарци, Градско, Чашка и Росоман. Сите чинат околу 900 илјади денари./Д.С.