Две илјади мигранти во обид да влезат во тунелот под Ла Манш
Објавено на 29 јули, 2015 во 07:38
Околу две илјади мигранти само во една ноќ се обиделе да влезат во тунелот под каналот Ла Манш во близина на француското пристаниште Кале во настојување да стигнат до Британија, соопшти компанијата Еуротунел. Во овој најмногуброен обид, како што се додава неколкумина мигранти биле повредени. Мигрантите, главно од Африка, Авганистан и Блискиот исток се обидуваат да се кријат во камиони или возови кои минуваат низ тунелот, јави Радио Слободна Европа.
Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави дека во вчерашниот обид биле приведени неколку десетици мигранти.