Новите пратеници треба да и го пријават личниот имотот на Антикорупциска
Објавено на 4 јануари, 2017 во 09:50
Колкав имот поседуваат, хартии од вредност и побарувања и долгови треба да пријават новоизбраните пратеници до Државната комисија за актикорупција.
До крајот на месецот 120 пратеници треба да пополнат анкетни листови со содржината на нивната имотна состојба и истите да ги поднесат до Антикорупциска.
Тие податоци се обврска на секој пратеник и се информација од јавен карактер и освен податоците заштитени со закон и се објавуваат согласно со закон.
Анкетен лист, пратеникот е должен да достави и по престанокот на мандатот во рок од 30 дена, а доколку дојде до друга функција исто така има обврска да ја информира комисијата за новиот избор или именување.