Како да заведете личност која во хороскоп е Овен?
Доколку ви се допаѓа личност која според хороскопот е Овен, сигурно се прашувате што сакаат овие горди личности и што би можело да им го привлече вниманието.
Покрај гордоста, Овните се сериозни и одговорни. Уште една важна одлика за нив е тоа што многу уживаат во нежности, па доколку вашиот партнер/ка е Овен, следните совети добро ќе ви дојдат.
Играјте си со нивната коса
Да, токму така, Овните уживаат кога некој ги допира по главата и кога си игра со нивната коса, па доколку сакате да заведете некој Овен, допирањето на косата е најдобриот почеток.
Допирајте го/ја по лицето
Ако допирањето на косата ги возбудува, исто толку уживаат и кога ги допирате по лицето.
Овните обожаваат кога со прстите ќе им поминете по образите, кога ќе ги испреплетите рацете во нивната коса и ќе ги опсипете со бакнежи.
Одведете ги во природа
Овие личности многу сакаат да бидат надвор, во природа, а особено уживаат во љубовни средби на отворено.
Сакаат да експериментираат и би воделе љубов и во природа, секако, доколку и нивниот партнер е подготвен на тоа.
Покажете иницијатива
Овните имаат многу барања и очекувања и сакаат предизвици. Кога се работи за заведување, сакаат да ја имаат главната улога, но од партнерот очекуваат и тој да покаже иницијатива. Заведуваат, но и сакаат да бидат заведени.
Бидете во топ форма
Овните се особено активни и енергични личности, затоа добро е да бидете во топ форма за да го издржите нивното темпо.
Имаат и голем сексуален апетит, па добрата форма и тоа како добро ќе ви дојде.