Единаесет години од смртта на Анита Кришан Лозаноска
Единаесет годишнината од загинувањето на велешанката Анита Кришан – Лозаноска денес се одбележа со посета на нејзиното вечно почивалиште во црквата „Свети Спас“ во Велес. Покрај семејството, свежо цвеќе на гробот на советничката на македонскиот претседател Борис Трајковски, положија делегација на кабинетот на Претседателот на Република Македонија , заменик министерот за здравство Јовица Андовски и заменик министерот за локална самоуправа Љупче Пренџов како преставници на Владата на Република Македонија, делегација на општина Велес, претседателот на Советот на општина Велес, Александар Колев со членови и на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Анита Кришан – Лозаноска загина на 34 годишна возраст, на денешен ден пред единаесет години на местото Ротимље, каде се случи авионската несреќа со претседателскиот Кингер. Таа беше дел од осумчлената делегација на претседателот Борис Трајковски која патуваше за Мостар за да учествува на меѓународна економска конференција./У.Ј