Поранешна калуѓерка стана министерката за социјална политика во новата хрватска влада
Министерката за социјална политика во новата хрватска влада Бернардица Јуретиќ е поранешна калуѓерка. Таа е позната во земјата со своите активности, посветена на борбата против зависностите.
Јуретиќ се замонашува на 21 години. Додека е во манастир, во 1990 година основа организација преку која несебично помага на млади наркозависници. Во 1992 година, ја отвора првата хрватска комуна недалеку од градот Сплит.
Силната нејзината харизма го привлекува вниманието на медиумите кон неа и иако во меѓувреме го напушти манастирот, и денес луѓето ја нарекуваат “сестра Бернардица”. Самата таа вели дека тоа не и пречи, бидејќи нејзиното име е Бернардица, а по професија е медицинска сестра, која го има стекнато уште пред замонашувањето .
Бернардица Јуретиќ која неодамна ги презеде министерските обврски, вели дека не гледа проблем во благословување на министерствата. “Не гледам зошто не. Сите јавни простории можат да бидат благословени”, вели таа.
Јуретиќ ги отфрла сомневањата дека Црквата ќе влијае на политичките одлуки на владата.
“Владата е за сите граѓани. Нема врска помеѓу едното и другото”, вели таа, цитирана од Index.hr.
Поранешната калуѓерка не сака да го коментира абортусот и вештачкото оплодување: “Тоа се прашања поврзани со светоглед и за нас тоа не се приоритет. Не би зборувала сега за тоа, подоцна”.
“Единствено Божјата сила и помош може да ни излезат од сето тоа. Секако, со нашите напори, но сигурно сами не можеме”, рече Јуретиќ. Таа ги повика сите кои веруваат да се молат.