Велешките кајакари одлични во Ниш
Одличен настап на кајакарите од Велес на меѓународниот куп ,,Златно весло” за млади категории што се одржа во Ниш. Во пионерска конкуренција во категоријата K1 првото место го освои Енис Небиовски од КК Вардар,додека втор беше Мартин Мазнев исто така од КК Вардар,четврти беше Христијан Игнатов од Вила Зора додека петти беше Џенгис Небиовски од КК Вардар.
Добриот настап на велешките кајакари го заокружи Ангелче Петрушевски од КК Вардар освојувајќи ја осмата позиција од 19 натпреваручи.
Во кадетска конкуренција во категоријата K1 второто место го зазема Виктор Миланов од Вила Зора. Во категоријата 3xK1 првото место го освоија триото Небиовски,Небиовски,Мазнев од КК Вардар.
Овие резултати се доказ дека кајакот во градот и натаму е еден од најтрофејните спротови, а натпреварувачите од Велес се помеѓу најталентираните во земјата./Д.С