Само двеста деведест граѓани од Велес направиле увид во избирачкиот список.
Објавено на 27 март, 2014 во 13:29
Освен нив, дали се наоѓаат на избирачкиот список провериле уште три илјади и петстотини граѓани кога својот потпис го дале за поддршка на еден од кандидатите за претседател. Од подрачната единица на министерството за правда велат дека интересот на граѓаните да проверат дали се наоѓаат на избирачкиот список е мал.
Од друга страна од евиденција ќе бидат избришани оние граѓани на кои им е истечен рокот на личните карти или патни исправи.
Оваа недела е рокот кога тие можат да поднесат барање за вадење на нови лични документи без кои не ќе можат да го остварат своето право на глас.
За неколку дена ќе се знае колкав е бројот на жители во општините Велес, Чашка и Градско кои ги има во единствениот избирачки список./Д.С