Тегавец ″прва помош″ од природата
Тегавецот е многу распространета билка, во нашите краишта има повеќе од 20 вида на тегавец, а расти готово секаде каде е погодна почвата.
Разликуваме машки и женски тегавец, а женскиот тегавец е лековит. За лекување се користи во главно свеж или сув лист кој се бери додека билката цути, а коренот може да се вади во текот на цела година. Листот на тегавецот е богат со танини, пектини, витамин Ц, лимонска киселина, фитонциди …
Ги спречува различни воспаленија на кожата и слузокожата, зголемува лачење во белите дробови, што го олеснува искашлувањето, поради што често може да се најде во составот на шурупот за искашлување. Поред тоа го намалува зачестеното мокрење и поволно делува на проблемите во органите за варење, пролив, грчеви, чирот на дванаестопалечното црево и желудникот.
Доколку имате гребнатини, убоди од инсекти или потекување на кожата тегавецот е прва помош за таквите проблеми. Едноставно земете ливче тегавец, малку протријте помеѓу прстите да се раздвижат соковите, ставете на болно место и добивте моментални мелем. Сокот од листот на тегавецот успешно ги отстранува акните и митесерите.
Направете сируп од тегавец за чистење на крвта и зајакнување на имунитетот .
Се што треба да направите е да две полни лажици листови на тегавец сомелете во блендер со малку вода, додадете 300 грама шеќер, 250 грама мед и варете на тивок оган додека шеќерот не се стопи и шурупот не се згусни. Додека е жежок, шурупот прелејте го во стаклено шишенце. Чувајте го во фрижидер и пијте по една лажица пред секој појадок.
За искашлување, прелејте лажица лист од тегавец со малку жешка вода, оставете да поседи и пијте веднаш наутро, една шолја и уште две во текот на денот.