Во петок, проекција во Велес на македонскиот игран филм „Ах љубов моја“ на режисерот Ангеловски
Во сабота, на 20 мај, со почеток во 20 часот во Театар „Џинот“ Велес ќе биде прикажан во режија на Коле Ангеловски.
„Ах, љубов моја неверна“ е приказна за позната поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивните проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот сепак ќе завршат со среќен крај.
Филмот е во продукција на Авард Филм и Видео, КТ Филм и Медиа и Квазар Филм.
Сценариото и режијата се на Коле Ангеловски, продуцент е Горан Стојилковиќ, продуцент за КТ Филм и Медиа е Димитар Николов, извршен продуцент е Владимир Стојчевски, директор на фотографија е Роберт Јанкуловски, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Лира Грабул и Раде Василев, монтажата на Блаже Дулев, дизајнот на звук е на Драко Спасовски Пацки, а музиката за филмот е на Венко Серафимов и Џенгиз Ибрахим.
Во филмот настапуваат: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.
Времетраењето на филмот е 104 минути, а билетите за истиот се веќе во продажба на билеатрницата на театарот.