Фудбал: Македонија – Велс
Објавено на 6 септември, 2013 во 06:35
Во рамките на квалификациите за светското првенство што вгодина ќе се одржи во Бразил, фудбалската репрезентација на Македонија денеска игра против селекцијата на Велс. Во екипата на гостите е најскапиот фудбалер на светот Герет Бејл.
Натпреварот се игра на арената Филип Втори во Скопје со почеток во 19 часот.
Во оваа квалификациска група води Белгија со 19 бодови, Хрватска има 16, Србија 7, Велс 6, Шкотска 5, а на последното место е Македонија со 4 бода.