Жител на село Иванковци изел ќотек без причина

Објавено: 28 август, 2013, во 09:49 часот

Ни крив ниту должен изел ќотек од својот соселанец, вчеравечер, 51 годишниот  Д.П. од велешкото село Иванковци најверојатно затоа што се нашол во погрешно време, на погрешно место и пред погрешен човек.

Додека тој седел на клупата пред продавница во селото му се приближил три години помладиот соселанец Ж. Ѓ.  и физички го нападнал.

Насилникот прво го гризнал за раката Д.П а потоа му писнал да го тепа, со штаките кои човекот ги употребувал за одење. Го удирал по глава и не само со штаки туку и со даска која ја откорнал од клупата за седење на сред село.

Откако му нанел повреди на левата рака тепачот Ж.Ѓ избегал од местото на тепачката.

Со повреди на главата и телото Д.П бил пренесен на лекување во Медицинскиот центар во Велес.

Полицијата го расчистува случајот./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.