Жител на село Иванковци изел ќотек без причина
Објавено: 28 август, 2013, во 09:49 часот
Ни крив ниту должен изел ќотек од својот соселанец, вчеравечер, 51 годишниот Д.П. од велешкото село Иванковци најверојатно затоа што се нашол во погрешно време, на погрешно место и пред погрешен човек.
Додека тој седел на клупата пред продавница во селото му се приближил три години помладиот соселанец Ж. Ѓ. и физички го нападнал.
Насилникот прво го гризнал за раката Д.П а потоа му писнал да го тепа, со штаките кои човекот ги употребувал за одење. Го удирал по глава и не само со штаки туку и со даска која ја откорнал од клупата за седење на сред село.
Откако му нанел повреди на левата рака тепачот Ж.Ѓ избегал од местото на тепачката.
Со повреди на главата и телото Д.П бил пренесен на лекување во Медицинскиот центар во Велес.
Полицијата го расчистува случајот./Б.Н


