ВИДЕО: Во дворот на општина Центар нападната новинарката Билјана Секуловска!
Во обид да ги проследи протестите пред Општина Центар дел од групата демонстранти истапија и се обидоа насилно и ја одзедемат веб камерата, при што довикуваа навредливи зборови.
Сепак новинарката успеа да ги зачува снимките.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=DqesP5gNzSw{/youtube}
видео: НОВАтв.мк
„Без оглед на тоа што јас се обидував да им објаснам дека сум новинар, тие се обидуваа да ме нападнат, ми ја тргаа камерата и удираа по мене. Полицајците мирно гледаа и во моментот кога застанав зад еден од полицајците за да се заштитам, продолжија нападите. Застанав зад живиот штит полицајци кои беа зад ѕидот на Општината и ги прашав зошто не ме одбранат. Во последен момент еден постар полицаец ме заде за рака и ми препорача да не снимам, зашто е опасно“, објаснува Секуловска.