Артишок цветно растение и лек
Ова растение потекнува од Северна Африка и Медитеранот. Артишокот првично бил култивиран и конзумиран во Блискиот Исток.
Се користел како лек и храна во античка Грција. Тој бил популарен меѓу богатите граѓани на античкиот Рим (сиромашните луѓе немале право да консумираат артишок).
Интензивното одгледување на артишок во Европа започнало во 15 век, а неколку века подоцна (19 век), артишокот е воведен во САД. Луѓето го гледаат артишокот главно како извор на храна.
foodpanda, избра уште интересни факти за растението.
Артишок е повеќегодишен трн, кој потекнува од Медитеранот.
Првото споменување на артишоците е во литературата околу 40-70 година п.н.е.
Грците и Римјаните сметаат дека тоа е афродизијак.
Семиња од артишок се откриени за време на ископувањата на Монс Клаудио во Египет за време на римскиот период.
До 16 век им било забрането на жените да консумираат артишок, бидејќи се сметал за афродизијак.
Артишокот станува популарен во Европа, благодарение на Холанѓаните.
Најдобрите производители на артишок денес се Шпанија, Франција и Италија.
Во 1947 година Мерилин Монро била крунисана за првата артишокска кралица на Кастровил.
Артишокот е основниот вкус на популарниот италијански ликер.