Награда за авторката на делото “Велес-само едно место во светот се вика дом“!
Велешанката Десанка Николова е наградена со меѓународна престижна награда за делото “Велес – само едно место во светот се вика дом“.
Таа учествуваше на петиот меѓународен поетски фестивал “Михаил Бабинка“.
“Да се сака Велес, да се пишува за Велес и да се промовира во светот е чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност, затоа што Велес е град на Рацин, лулка на културата и литературата не само во Македонија туку и на Балканот“, рече поетесата.
Патриотизмот и емоциите за делото на Гемиџиите, Миле Поп Јорданов , Панко Брашнар и сите кои дадоа белег на велешкиот и македонскиот бит преточни во прекрасните стихови на м-р Десанка Николова го освоија фестивалското жири.
Таа најави дека ќе ја продолжи својата мисија да го промовира градот Велес. Нејзините песни деновиве патуваат преку океанот во Австралија и Канада./ А.Д