Годишен концерт на фолклорен ансамбл “Тиквеш“!
Традиционално на стартот од новата година амбасадорoт на Кавадарци, Фолклорниот ансамбал Тиквеш публика ја чести со својот годишен концерт.
Преполната сала во домот на културата “Иван Мазов Климе“ веќе стана заштитен знак на овој настан. Публиката не штедеше аплауз за доброто претставување на играорците.
“Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ е расадник на млади таленти со вештина за фолклор и претставува културен амбасадор на Кавадарци и Македонија. Ваков концерт се одржува по 21 пат, од 1993 година кога е формирана фолклорната школа за млади. Ансамблот секоја година учествува на интернационални фестивали. Со ова практично почнува концертната активност на ансамблот, како увертира на концертите кои следуваат во земјава и странство“ , рече Владимир Темков, директор на културниот дом.
Како гости на концертот, кој се одржа во салата на Домот на културата, се претставија Ансамблот на народни песни и игри “Керамичар” од Велес и “Харизма бенд” од Кавадарци.