Најголемата љубов на Дајана бил нејзиниот телохранител, кој е убиен
Во тајните видеоснимки синоќа прв пат објавени во велика Британија, принцезата Дајана откри дека нејзина најголема љубов бил нејзиниот телохранител Бери Манаки, со кој била во тајна врска.
Документарецот „Diana: In Her Own Words” е прикажан на Channel 4, а во видеоснимката таа тврдела дека Манаки е отпуштен од работа, а потоа и убиен. Не го именува во снимките, но очигледно е дека се рботи за него, јави BBC.
Принцезата тврди и дека била потполно трауматизирана кога го прашала принцот Чарлс дали ја сака, а тој рекол: Што и да е тоа љубов.
Љубовта ја нашла подоцна, вели таа во видеото.
„Кога иав 24 или 25 години се заљубив во маж кој работеше во обезбедувањето, но подоцна беше отпуштен и убиен во сообраќајка. Тој беше мојата најголема љубов“, вели Дајана на снимките направени со актерот Питер Сетене во 1992 и 1993 година.
Манаки беше нејзин телохранител во 80-тите години, а загина 1987 година во сообраќајна несреќа.
Возачот, пријател на Манаки, беше казнет со 85 фунти поради невнимателно возење и случајот официјлно е заведен како несреќа.Сепак, Дајана тврди дека тој е намерно убиен заради нивната афера.
На видеоснимката Дајана открива дека со Чарлс се сретнала само 13 пати пред венчавката и дека со неа некогаш бил топол, а некогаш студен.
„Ќе ми се јавеше секој ден, а потоа со недели не ме контактираше, не беше доследен ни во своето додворување“, вели Дајана.
Нивниот брак бил без страст и активен љубовен живот, воделе љубов еднаш на три недели, а потоа и та престанало, кога Дајана имала 32 години.