Билдерот Тоше Зафиров и го донесе првото сребро на Македонија во овој спорт!
Вистински атлета со тежина од 103 кг и висина од 180 см. Изглед кој предизвикува внимание.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=_eX2ntzsu84{/youtube}Младите неготинци сакаат да изгледаат како него . Освен што е идол на момчињата постојано измамува воздишки и кај девојките. Тоа е Тоше Зафиров. А тој сепак не е самобендисан и скромно ни раскажа што се е потребно за добар изглед на еден билдер. Секојдневни вежби во теретана,напорни тренинзи и внимателна исхрана кои носат многу натпревари,многу титули,многу спомени. Светски,европски првак,вице шампионско место во боди билдинг,мистер универзум и најново второ место на светското првенство во Словенија. Зафиров,како карпа од мускули,на прв поглед делува мистериозно и агресивно што не е така бидејќи од разговор со него се открива дека станува збор за мирно момче со искрена насмевка и благ поглед.
“За професионално да се занимаваш со боди билдинг тоа ти е 24 часа во текот на денот да си со овој спорт,значи ако во другите спортови имаш час-час и половина тренинг и потоа прекинуваш,кај нас имаме еден тренинг наутро од 7 до 9 од попладне од 5 до 7 друг тренинг .Во боди билдингот 24 часа во текот на денот мора да внимаваме на исхраната,значи 24 часа си посветен на тоа максимално,строги диети,тренинзи,нема благи работи,нема шеќер,значи имаш одредено количество на храна која треба и можеш да ја јадеш а тоа на прсти може да се изброи,најмногу пилешко месо,јајца,малку ориз малку и толку“,објаснува Зафиров.
Скоро 17 години е со бодибилдингот а љубовта кон овој вид на спорт го одржува долги години меѓу најдобрите во светот. Доказ за тоа е и освоеното сребро во Словенија на Светското првенство минатиот месец ,каде макотрпната работа вроди со плод,вели Зафиров. Вицешампионското место,чувството кога го слушаш твоето име,држава,кога знаеш дека си горе на светскиот подиум и целиот труд дал резултат со ништо не може да се замени,вели Зафиров.
“Последната награда ми беше на 19 октомври значи во Словенија на светското првенство каде освоив второ место во тешка категорија,отидовме со цел да можам да влезам во финале зашто сепак знаеме какви се тие светски првенства,доста тешки но сепак вложив максимум колку што требаше и успехот си дојде“,ни рече Зафиров.
Пред десетина години заминал од родното Тимјаник во Скопје а работата на лозјето ја заменил со вработување прво како обезбедувач а го примиле во воената полиција. Скоро 17 години е со бодибилдингот а љубовта кон овој вид на спорт го одржува долги години меѓу најдобрите во светот.Тоше, нашата држава секаде ја претставува во најдобро светло,се гордее со неа и не се дели од македонското знаме кое најчесто кога слави победи го обвива околу телото.
“Спортот како спорт има многу тежина и затоа има многу малку натпреварувачи кај нас,значи тешки се тие,прво многу е скап спорт друго треба од многу да се откажеш и тешко се издржува,на пример кај мене во теретаната е преполно и сите се полни,значи добро е младите да вежбаат и гледам дека внимаваат на себе“.
За Зафиров главна цел сега е Светското првенство кое ќе се одржи идната година, престижниот „АРНОЛД КЛАСИК“ во Мадрид,каде познатиот Арнолд Шварценегер е промотор и организатор.
“Веќе веднаш почнав со подготовките се подготвувам за светско првенство,значи сакам одам пак малку погоре и секако да освојам златен медал зашто сепак тоа е едно престижно натпреварување кое лично познатиот актер Арнолд Шварценегер го организира,првенството трае 7 дена и може да се каже дека е нешто на врвот на боди билдингот“,објасни Зафиров
Редовно доаѓа во родното Тимјаник да се одмори во друштво на неговата мајка Велика,за која на шега вели дека на почетокот била голем противник на бодибилдингот а сега со гордост раскажува за него.Доказ за тоа се и бројните фотографии насекаде низ семејниот дом кои раскажуваат за неговите успеси. Најголемата поддршка и инспирација секако му ја даваат сопругата и двете деца. Па.Тоше со среќа на светското првенство во Шпанија!