Јанчев: Ако станам градоначалник платата ќе ја донирам, а нема да користам ниту службено возило
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев денеска на прес конференција најави дека доколку стане градоначалник веднаш ќе се откаже од градоначалничката плата и парите ќе се донираат во хуманитарни цели. Јанчев исто така најави и дека нема да користи службено возило.
„Јас Митко Јанчев, кандидатурата за градоначалник на општина Кавадарци ја поднесов со голем ентузијазам и желба да направам крупни промени во нашата локална заедница кои ке придонесат кон подобрувањето на животните стандарди на сите граѓани во општина Кавадарци. Во текот на Кампањата среќавајки се со Вас Граѓаните и запознавајќи ги уште подобро наталожените проблеми ентузијазмот и желбата стануваат се поголеми . Тоа што ме прави различен од сите досегашни градоначалници и кандидати за градоначалници, е дека функцијата градоначалник , доколку граѓаните ми ја дадат нивната довербата, ке ја извршувам исклучиво со намера и желба да дадам максимален придонес да се направи Кавадарци поубаво место за живеење“ рече Јанчев.
Нагласи дека финансиските средства од градоначалничката плата ќе се префрлаат на донаторска сметка, ке бидат наменете за хуманитарни цели и за решавање на социјални проблеми.
„Овој фонд за 4 години ке изнесува 50.000 евра, а распределбата на финансиските сдерства ќе ја врши тело составено од социјални работници и истакнати хуманисти, а не Митко Јанчев. По овие два основа, буџетот на општина Кавадарци ке заштеди околу 150.000 евра за период од 4 години“ рече Јанчев./А.Д