Од прилепската болница тврдат дека презеле сѐ околу родилката
Директорот на болницата во Прилеп, Петар Ристевски, вели дека навреме биле преземени сите потребни мерки за да се спаси животот на 21-годишната родилка која почина во оваа болница ноќеска. Во третманот биле ангажирани четворица гинеколози, двајца анестезилози, а подоцна се вклучил и уролог.
– Жената е примена на гинеколошкото одделение во 10 часот и се породила во 13.45 минути. Во добра општа состојба е префрлена на одделение, но околу 19.15 минути се пожалила на болки и состојбата и се влошила. Преземени се сите мерки и направено е сѐ што треба според медицинските протоколи во третманот на пациентката, но сепак во 01.50 часот е констатирана смрт – вели Ристевски.
Кои се причините поради кои настапила смрт, тој вели дека не може да каже, ниту пак дали на телото ќе се прави обдукција. За овие одговори упатува на надлежното обвинителство кое понатаму ќе го води случајот.
Инаку родилката родила здраво машко бебе тешко 3.170 килограми.
Извор: Плусинфо.мк