Новиот Градоначалник и Совет на Општина Велес ги превзедоа должностите на свеченост во општинската зграда во Велес
Во цветно аранжираната голема сала на Општина Велес денеска се одржа свеченото врачување на уверенијата со кои Општинската Изборна комисија го официјализираше новиот четиригодишен мандат на избраниот Градоначалник Аце Коцевски и на дваесет и двајцата членови на Советот на Општина Велес.
Претседателската на ОИК Велес, Лили Велковска првото уверение му го врачи на носителот на Листата со членови на Советот предводена од коалицијата на СДСМ, д-р Ненад Коциќ и единствено не му го врачи на членот на Советот, д-р Александар Колев, исто така носител на листата од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ затоа што тој не присуствуваше на свеченоста.
Претходно Велковска ги соопшти официјалните информации повзани со вкупниот број на избирачи кои го оствариле своето право на глас во неделата на 15 октомври, процентот на излезноста како и освоените гласови за кандидатот за Градоначалник Аце Коцевски но не и на кандидатот за Градоначалник Славчо Чадиев. Велковска ги соопшти и гласовите што ги освоија Листите со членови на Советот на општина Велес на двете коалиции предводени од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ.
– На овие избори, во општина Велес, на 84 избирачки места излегоа и гласа вкупно 29.832 граѓани со право на глас или тоа изразено во проценти изнесува 64 отсто. Од Општина Велес во законскиот рок до ДИК не поднел приговор ниту еден подносител на Листи во постапката во постапките за гласањето. На овие избори најголем број на гласови за Градоначалник освоит господинот Аце Коцевски 15962 глаца или 53,51 %. Коалицијата предводина од СДСМ 14.357 гласови и доби 12 советнички места а коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ 12.339 гласови и доби 11 места во Советот на Општина Велес.
Од името на претходниот состав на Советот н Општина Велес зборуваше членот д-р Петре Саздов. Тој прво се заблагодари на сите граѓани што излегоа и го дадоа својот глас на шестите локални избори во Општина Велес.
– Иако со најголеми забелешки на самиот изборен ден кога течеше изборниот процес ние од ВМРО ДПМНЕ ја почитуваме вољата на граѓаните и од тој аспект му упатувам честитки на господинот Аце Коцевски за добиената доверба од граѓаните да ја предводи општината во наредниот четиригодишен мандат. Меѓутоа порачувам дека ние од ВМРО ДПМНЕ сега како опозиција ќе ја следиме работата во секоја минута, ќе ја поддржиме секоја добра одлука и ќе бидеме тука да се спротивставиме најостро на секоја одлука или идеја што не е добра за граѓаните на општина Велес, рече д-р Саздов.
И сега веќе поранешниот Градоначалник на Велес, Славчо Чадиев се заблагодари на граѓаните кои пред четири ипол години му ја дадоа довербата да биде Градоначалник. Тој помеѓу другото рече дека додека бил татко на градот никогаш не заборавил кој е, од каде е и каде припаѓа како и дека континуирано како и во времето кога беше Претседател на Советот на Општината па затоа пред него секогаш стоел предизвикот да го поддржи предизвикот на поединецот, да даде можност на неговите идеи и креативноста на поединецот да ја развива авагандардата за да придонесе за развојот на Велес.
– Тоа воопшто не беше лесно да се биде извршна власт во море од надлежности, политички косталации и море од потреби. Не беше воопшто лесно да се издвојат приоритетите, секој проблем на граѓаните е подеднакво значаен и важен. Ја користам приликата да му се заблагодарам на Советот на општина Велес на конструктивноста, трпението, професионалноста што ја покажаа советниците во изминатиот мандат како и на претседателот на Советот, господинот Александар Колев, рече Чадиев.
Тој за соработката им се заблагодари уште и на началниците на подрачните единици на министерствата, на јавното комунално претпријатие, на Македонската православна црква, на граѓанските здруженија, спортските друштва, медиумите и рече дека е особено горд на ГРК „Борец“. А потоа му го честита изборот на Аце Коцевски и му порача да продолжи таму каде што тој запрел потенцирајќи дека му остава Општина што е отворено градилиште, со позитивно салдо и изградени капацитети.
Чадиев го повика Коцевски и му го предаде клучот на Велес.
Со пофалните зборови за достоинствено предавање на должностите, благодарнсост од ОИК за добро спроведениот изборен процес и на општинската администрација за добро организираната свеченост новиот Градоначалник на Велес, Аце Коцевски, прво им се заблагодари на сите граѓани на Велес што го искористија своето уставно и демократско право , излегоа на изборите и го дадоа својот глас за тие што сметаа дека ја заслужуваат нивната доверба.
– Особено им благодарам на граѓаните што својот глас го дадоа за мене. Благодарност упатувам и за тие што не гласаа за мене и до граѓаните што не излегоа да гласаат. Тоа е голема обрска за мене, со успешна работа да придонесам да се каат што не го дале гласот и ќе придонесат во наредниот период да излезат и да гласаат се разбира за оние што ќе сметаат дека го заслужуваат. Им честитам на новоизбраните членови на Советот на Општина Велес. Се надевам дека ќе имаме добра и успешна соработка со сите од опозицијата и од власта. Јас ќе бидам заштитник доколку мнозинството се обидува да донесе нешто што не е демократски не доликува. Посакувам да има конструктивна и силна опозиција затоа што само така можеме да одиме напред. Се надевам дека ќе имаме меѓусебно почитување и разбирање затоа што Велес е наш град. Со добри предлози и дела да го подобриме квалитетот на живеење на нашите граѓани и добро е за сетоа тоа да има различни размислувања меѓутоа посакувам да не се надминува меѓусебната граница на поддржување и почитување. Времето ќе покаже дали ќе биде така или не, рече Коцевски.
Тој додаде дека е голема чест и одговорност да се биде Градоначалник на Велес затоа што е посебно место и улога во просветата, културата, на македонскиот народ и држава.
– Јавно изјавувам дека функцијата Градоначалник ќе а извршувам чесно и одговорно со голема љубов и посветеност дека заедно со членовите на Советот ќе се трудам сите средства што ќе се слеваат во Буџетот да се трошат строго наменски соред претходно утврдените приоритети во соработка со граѓаните на Општина Велес . Додека претходно бев градоначалник Општина Велес важеше за најдобра во Македонија. Посакувам д ја вратиме во врвот на македонските општини или ако може повторно да биде најдобра општина во Македонија. Да биде со нула корупција или безкорупција во наредниот период што нема да биде лесно и едноставно меѓутоа мора да се трудиме секој денар на граѓаните да биде чесно и наменски потрошен, рече Коцевски.
На крајот тој исто така на членовите на Советот им посака добро здравје и му го порача на стариот градоначалник следново:
– Да му посакам на господинот Чадиев да не се нервира многу затоа што секој почеток има и крај. Потребно е секој човек да остане нормален затоа што вистинските пријателства се гледаат тогаш кога ќе заврши мандатот а не на неговиот почеток. Јас сум свесен за тоа, го преживеав и сакам да му кажам за тоа што ќе се случува во наредниот период. Да сте ми живи и здрави и да се гледаме за убаво,рече Коцевски.
Потоа следеше групното фотографирање на поранешниот и актуелниот Градоначалник со членовите на Советот на Општина Велес во фоајето на зградата на општината. Додека на скалите пред влезот на зградата се фотографираа само Градоначалникот Аце Коцевски со советниците од мнозинството предводено од коалицијата на СДСМ
На свеченоста не присуствуваа повеќе началници на ПЕ на министерства, директори на културни институции, на основни и средни училишта, преставници на Гарнизонот на АРМ како и Митрополитот Повардарски Господин Агатангел и свештеници. ./У.Ј