Крстевски: Да дообјаснам за организацијата на ФАД „Стоби 2018“
Имајки го во предвид објавениот текст на веб порталот Дума.мк со наслов „ Крстевски: „ФАД Стоби 2018 ќе се одржи и ич не ме интересира што министерството не дава пари оти сум убеден дека велешани на 22 јули пешки ќе дојдат во Стоби и ќе им прикажеме премиера“ сакам да дадам дообјаснување.
Мојата убеденост дека верната велешка публика, која знае што значи да се присуствува на премиера под отворено небо, како составен дел на ФАД Стоби и во амфитеатарот на античкиот локалитет повеќе се однесуваше на евентуалното откажување на Општината од финансиската помош што ја добиваше за организација на овој реномиран Фестивал. Не станува збор за не финансирање од страна на Министерството за култура на Република Македонија, туку станува збор за определба на театарот дека во последните неколку години театарот престана со изведби на своите антички претстави во Стоби со што е прекината неговата традиција. Во името на сето ова, театарот од Велес во својата нова Програма за 2018 година предлага изработување на претстава во античкиот локалитет Стоби со што ќе ја продолжи прекината традиција и ќе ја надгради со тоа што (се надеваме дека Министерството за култура ќе го подржи проектот) по одржаната Премиера, велешкиот театар ќе го започне својот ,,Караван на антички претстави,, кои претстави ќе бидат изведени на сите антички локалитети во Република Македонија.
Со почит,
Младен Крстевски