Долината на Крипто компании во Швајцарија
Сите сте слушнале за Силиконската долина во Калифорнија – симбол на иновации и висока технологија. Но, последниве години, иновациите и новите технологии имаат друг дом, или барем оние во дигиталниот финансиски свет.
Во овој град во близина на швајцарскиот град Цирих, веќе постојат над 200 регистрирани стартап компании во индустријата на виртуелните валути. Неколку локации ширум светот изгледаат како идилични, но никоја како швајцарскиот град Цуг.
Лоциран е до алпско езеро опкружено со снежни врвови, со асфалтирани улици се високите црковни кули. Типичен алпски град, но тишината и спокојството делуваат измамнички.
Тука е епицентарот на блок-технологијата – револуцијата зад успехот на Биткоинот и другите крипто валути.
Во Цуг, можеме да видиме како блок технологијата се применува во секојдневниот живот. Матијас Рух – сопственик на компанија: Блокчејн технологијата има потенцијал да биде толку иновативна, колку што беа и технологиите, кои го воведоа интернетотр пред неколку години. Ние ја нарекуваме областа Цуг-крипто долина и можеме да ја споредиме со Силиконската долина од раните 1990-ти години.
Она што го гледаме овде е многу слично на она што се случуваше за време на bubble dot com. Дури и во Градското собрание на Цуг, можете да платите со биткоинт. Делфи Мулер, работник во општина Цуг: Ги прашавме за компаниите што прават. Ни објасни дека тоа е бојно поле и блок технологија.
Ние не разбравме целосно за што се работи, но рековме – во ред – ние би прифатиле плаќања со биткоинт. Компаниите од крипто долината сакаат да се фокусираат на блок-технологијата, а не само на крипто – валутата.
Блокчејн технологијата претставува споделена база на податоци која овозможува целосно непознати да чуваат евиденцијата на информации, која не може да се менува и истовремено е достапна за сите. Овие технологии се во коренот на сите крипи валутни и ги елиминира банките и финансиските посредници.