„Дервен“ ја реконструира внатрешноста на пазарот во Нова населба
Објавено на 1 февруари, 2018 во 13:51
Во функција на подобрување на условите за продажба на земјоделски и други производи, ЈКП Дервен отпочна со реконструкција на продажниот простор на пазарот во Нова населба.
Се врши поправка и бојадисување на тезгите за продавање, а исто така се врши и бојадисување и белење на ѕидовите во внатрешноста на пазарот.
По завршувањето на активностите во затворениот пазар во Нова населба, ЈКП Дервен ќе продолжи со работа на отворениот градски пазар, каде се планира бетонирање на одредени делови од подлогата на пазарот, реконструкција на чешмите и одводната инсталација, поставување на заштитна мрежа на оградата од пазарот, и поправка на тезги.