Во Словенија од 1 април плаќање патарина како во Европа
Словенија од 1 април го менува системот за наплаќање патарина, кој ќе ги опфати сите автопати и тунелот Караванка.
Од 1 април Словенија ќе премине од системот на наплаќање со куќички, на систем без бариери DarsGo, задолжителен за сите возила со маса од 35 тони и повеќе.
Новиот систем ќе ги опфати сите автопати и тунелот Караванка, соопшти компанијата DKV.
„Картичките DARS и уредите ABC кои се употребуваа до сега престануваат да важат од 1 април 2018 година, а постоечкиот уплатен износ ќе им се врати на корисниците“, велат од DARS, словенечката компанија која управува со автопатите.
Kорисниците веќе можат да се регистрираар за новиот систем на патарина, а DKV, како партнер на DARS, нуди помош и асистенција.
Таа компанија најави и воведување уредDKV BOX EUROPE за наплата на патарината во цела Европа. Целта е сите патарини за патиштата, мостови и туниели да се наплатуваат со помош на еден уред.