Казни за 438 граѓани кои не носеле маска
Објавено: 19 мај, 2021, во 14:20 часот
Министерството за внатрешни работи, информира дека во последното деноноќие 15 граѓани не ја почитувале забраната за движење за време на полициски час. Исто така, на територија на Република Северна Македонија, за не носење на лична заштита на лице, регистрирани се 438 прекршоци.
Се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.


