На синоќешната средба на транспортерите со компанијата закупувач на Фени „G-sol“ , во посредство на Анѓушев, направен исчекор во поглед на побарувањата
Веќе од денеска да се бара начин како фирмата „Џи сол“ да им ги исплати заостанатите обврски на транспортерите кои вршеа услуги за кавадаречки „Фени“ во вкупен износ од 3,1 милион евра. Ова го заклучиле на синоќешниот состанок на кој присуствуваа нивни претставници, швајцарскиот закупец во посредство на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Побарувањата на транспортерите кон Фени се појавуваат преку фирмата „Нова логистик“, која пак е еден од доверителите во стечајната постапка. Штом бидат исплатени тие ќе продолжат да превезуваат руда за потребите на „Фени индустри“ во стечај.
„Ќе се бара начин како да се исплатат парите во најкраток можен рок. Првин исплата па цена па после работа“, вели Трајче Пеовски – претседател на Здружение на транспортери „Кипер“, Кавадарци
Во секој момент се очекуваат резултатите од преговорите што денеска ги водат транспортерите и закупувачот на Фени.
Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев не објавува многу детали за синоќешната средба.
„На средбата, присуствуваа претставници на транспортните компании, доверители на Фени индустри, претставници на Нова логистик и претставниците на компанијата „G-sol“, која има договор за преработка на руда, рече вицепремиерот Aнѓушев притоа нагласувајќи дека Владата не се меша во должничко-доверителски односи помеѓу приватни субјекти.
Анѓушев со охрабрување сепак да се најде меѓусебно решение, во однос на динамиката на покривањето на заостанатите долгови, како би можело фабриката побрзо да се рестартира.
Инаку од расплетот на оваа ситуацијата зависи ставањето во мирување на протестите на транспортерите на локалниот пат Дреново – Кавадарци./У.Ј