(ВИДЕО) Хаос во Хрватска: Училиштата не работат, напомош и војската, воз затрупан од снег
Голем дел од Хрватска се разбуди прекриен со снег кој го отежнува движењето во Лика, Горски Котар, северозападна и средна Хрватска, Славонија и дел од Далмација.
Заради ниските температури можна е поледица, посебно на мостовите и надвозниците. Возачите се предупредуваат да не тргнуваат на пат без зимска опрема, а ако е можно да го одложат патувањето.
Орканската бура превртува камиони во Приморје, а во Делнице и Брод нема настава во училиштата.
Проблемите не го заобиколија железничкиот сообраќај, па возот кој во среда тргна во 21.43 од Сплит кон Загреб, се уште не стигнал на одредницата.
Министерот за одбрана донесол одлука војската да им пружи помош на локалните жители во расчистување на штетата од снегот.
{vembed Y=EeXPFDiN5Rc}
{vembed Y=hiBGu7N2kos}