Исчистен брегот на реката Вардар
Објавено: 5 јуни, 2021, во 10:40 часот
Пет метри кубни отпад денеска беа собрани во акцијата за чистење која беше организирана од страна на Општина Велес. Во акцијата учествуваа стотина граѓани и го исчистија отпадот од крајбрежјето на реката Вардар, од левата страна на градот, на потег од Стар Мост до поранешниот хотел „Вила Зора“.


Во оваа акција учество земаа преставници на еколошки здруженија, вработени во ЈКП „Дервен“, членови на ЗГ „Акцијаш“, членови на еколошко друшство „Вила Зора“, како и членови на советот на Општина Велес. Учествуваше и градоначалникот Аце Коцевски и вработени во општинската администрација.


Акцијата беше организирана по повод 5 јуни, Светскиот ден на животната средина.
Стефани Манева

