Цукерберг одби да одговара за аферата пред британскиот Парламент
Првиот човек на Фејсбук, Марк Цукерберг, го одби барањето на британскиот Парламент пред него да одговара на прашања во врска со злоупотребата на податоци.
Да потсетиме, аферата изби откако на видело фирмата Кембриџ аналитика, заедно со Фејбук, на незаконит начин обработила милиони податоци од корисници на таа мрежа пред претседателските избори.
Тогаш веднаш следеше реакција од Кембриџ аналитика која го смени раководството на фирмата. САД и Британија покренаа истрага за тоа, а токму во рамки на истрагата Цукерберг е повикан да одговара на прашања пред британскиот Парламент.
На шефот на Фејсбук му е доставео писмо од Комитетот на британскиот Парламент задолжен за дигитални медиуми во кое се сугерира дека би требало лично да се појави на сослушување и за тоа му е оставен рок за одлука до понеделник.
Но, тој се оглушил на повикот. На сослушувањето одлучил да ги прати своите заменици.